Пратениците на Левица ги немаше да го поддржат Законот за студентски оброк, најверојатно поважно им беше јадењето на својот далеку побогат оброк во собранискиот ресторан, ова преку статус на Фејсбук го објавува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој потоа додава:
Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција се изборија за правата на студентите што протестираа пред Министерството за образование, предлагајќи ги нивните измени во Законот за студентски оброк, Левица освен на социјалните мрежи ги нема никаде кога реално треба да се сработи нешто за интересот на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.