СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат. Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и прес-конференции, од СДС не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и останатиот дел поранешни функционери на СДС, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази во обвинителството на Артан Груби, додаде Петрушевски.

„Во СДС се свесни што се може да каже Груби, па затоа и го бранат неговиот криминал. Толку ги немаат брането дури ни криминалите на Заев и Филипче.

Во превод, ако Груби прозбори, голем дел од поранешните функционери на СДС, ќе треба да седнат на обвинителна клупа“, потенцира во изјават.

Затоа го повикуваме ЈО, сите индиции и сомнежи кои сме ги пренесувале во јавноста да ги истражи. На крајот, СДС сами ќе си пресудат, нагласи Петрушевски.