Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при денешните теренски посети беше во населените места Нерав, Мождивњак, Конопица, Мартиница, Градец каде потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ нема недостапни, небитни населени места.
Денеска тим на ВМРО-ДПМНЕ е во село Нерав на 1.200 метри надморска височина, кажавме дека за нас, за ВМРО-ДПМНЕ нема небитни места нема оддалечени места или нема недостапни и мали места. Нашето мото, нашата визија е Македонија за сите луѓе и тоа го покажуваме и денеска. Овдека луѓето живеат со сериозни проблеми од инфраструктурен карактер, патот им е руиниран и нема скоро основни услови за живот, рече тој.
Петрушевски потсети дека власта целосно го има изгубено допирот со реалноста и со проблемите на граѓаните во населените места во Крива Паланка.
Граѓаните велат можеби Љупчо Николовски не знаме каде му се и ги изгубил платежни картички, но знаат со сигурност дека го изгубил допирот со реалноста и со проблемите на овие луѓе и генерално на жителите во населените места во општина Крива Паланка, кажа тој.
Петрушевски на крај порача:
Ние одлучивме наместо да коленичиме пред одредени канцеларии и амбасади да бидеме заедно тука помеѓу народот и заедно со нив да ги слушнеме и нивните проблеми меѓутоа и да ги понудиме и нашите решенија и нашите предлози како Република Македонија да стане нормална пред се достоинствена, европска и напредна држава.