Роберто влезе во почетниот состав, но во 59. минута беше заменет со Јусуф Демир.

Ме боли затоа што го знам овој човек, тој е прекрасна личност која го сака клубот повеќе од било кој друг. Исто така, сакам да ги потсетам луѓето дека тој не е класичен дефанзивец. Неговата позиција е во центарот на теренот, во средниот ред. Сепак се жртвуваше играјќи на оваа позиција, и во многу случаи тоа го правеше феноменално. Многу непријатно, но луѓето имаат право да го кажат своето мислење. Меѓутоа, мене лично ме боли кога сум сведок на такви работи, изјави Пике.

Барселона која се наоѓа во финансиска криза, очигледно е и во играчка и резултатска криза.