-Неодамна, го потпишавме Колективниот договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Со новиот Колективен договор, за првпат, системски се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција. Исто така за првпат се регулира правото за добивање на додаток во висина од 30% за компонента, ниво за Овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат како и тежината и посебните услови под кои се извршуваат, посочува Хоџа.
Тој додава дека денеска и независниот синдикат на шумските полицајци упатил јавна благодарност до сите кои кои имале трпение и верувале во заедничките заложби за остварување на поголеми плати и права за Шумската полиција.
-Ова е заеднички успех. Се радувам. Им честитам на сите и им посакувам во добро здравје да си ги трошат парите кои чесно ги заработуваат. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу професионални успеси. Ова нека биде дополнителен мотив за уште посилна борба против криминалот и корупцијата, со цел искоренување на безправната дива сеча на нашите шуми, порача Хоџа.
Pas plot 22 vitesh, sot Policia Pyjore përfitoi pagë 30% më të lartë se ajo e deritanishmja !!!
Kohë më parë, ne…
Posted by Arjanit Hoxha on Thursday, April 8, 2021