По пет години пауза – Македонија се враќа на евровизиската сцена и во 2027 година повторно ќе има свој претставник на најголемиот европски музички натпревар, кој ќе се одржи во Бургас, Бугарија.

Од МРТ најавуваат нов пристап кон Евровизија. Директорот Зоран Ристоски вели дека јавниот сервис има поддршка од ЕБУ во промоцијата на македонските културни вредности, а се очекува и поповолен пакет за враќање на натпреварот.

Ристоски најавува и промена во начинот на кој ќе се избира македонскиот претставник. Вели – завршува практиката на нетранспарентен избор и јавноста ќе знае како и зошто е избран тој што ќе ги брани македонските бои.

Македонската делегација во Бургас ќе ја предводат Јана Бурческа и Александра Јовановска.

Македонија последен пат учествуваше на Евровизија во 2022 година, кога Андреа Коевска со „Кругови“ не успеа да обезбеди место во финалето. Последниот македонски финалист, пак, беше Тамара Тодевска со „Горда“ во 2019 година во Израел.