Граѓаните на Скопје денеска, 7 септември, ќе можат да ја слушнат почесната артилериска стрелба по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Од Армијата информираат дека стрелбата ќе се реализира во касарната „Илинден“, со почеток во 19 часот, од страна на единицата на Артилерискиот баталјон.
Ќе бидат истрелани вкупно 10 плотуни од шест артилериски орудија, како дел од протоколарните активности по повод државниот празник.
Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба, при што ќе биде истрелан еден плотун од шест артилериски орудија.
Почесната стрелба е традиционален дел од одбележувањето на Денот на независноста.
