Дваесет и седумгодишно момче од Македонска Каменица е прободено во викенд куќа во Поточко маало во Македонска Каменица. Настанот кој е потврден од полициските служби се случил околу 4 часот изутрината, од каде велат дека причина за немилиот настан е расправија помеѓу повеќе лица.

– На 31 јули 2021 околу 04:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека по претходна расправија, со повреда од остар предмет во Итната медицинска помош во Македонска Каменица е примен Н.М.(27), информираа од полицијата.

По преземени мерки, како што додадоа, е утврдено дека лицето се здобило со повреда при расправија на повеќе лица во викенд куќа во Поточка маала, во село Тодоровци.