Шиколе беше редовен професор на катедрата за интерна медицина и вработен на Универзитетска Клиника за нефрологија во Скопје, каде подолг временски период ја извршуваше директорската функција.

Докторирал во 1994 година од областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со ХД, проблематика на која континуирано работеше.

Дома и во странство објавил над 250 труда од неговата специјалност. Како истакнат меѓународен експерт бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.