Почина четиримесечно машко бебе од струшкото село Мороишта.
Родителите откако го виделе бебето цело посинато свртено на стомак веднаш повикале Итна медицинска помош но поради тоа што било без знаци на живот веднаш е пренесено во струшката болница каде и покрај 45 минути обид да се реанимира се било безуспешно.
Инаку според податоците од болницата детето било потполно здраво не боледувало од никаква болест.
Портпаролот Стефан Димоски го потврди случајот и информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека дете починато е однесено на Детското одделение.
(Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт. )стои во соопштението на СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.