Според новите информации на грчката телевизија ЕРТ, во сообраќајната несреќа што се случи утрово малку по граничниот премин со Македонија, Евзони, во болница почина и четвртиот патник од автомобилот кој се судри со српски туристички автобус. На лице место загинаа три лица од истиот автомобил. Во автобусот кој од ударот се преврте повредени се 45 лица. Информација за патниците и од Македонија кои се враќаат од Грција или пак одат кај јужниот сосед, дека возилата на патот на овој дел се пренасочуваат по спореден пат, пренесе МКД.мк.
Сообраќајната несреќа се случила кога возилото во кое се превезувале четири лица се судрило со автобус кој превезувал туристи од Србија. Во автомобилот потоа удрил други автомобил во кој се возеле 38-годишна мајка и нејзиното 6-годишно дете, тие не се повредени, а автобусот се превртел по сударот.
Веднаш била алармирана полиција и противпожарна служба, додека на терен пристигнале возила на брза помош кои превезле десетици повредени во болниците во Солун, Кукуш и Гумениса. Неколку од нив веќе се отпуштени, по извршените превентивни тестови и се во добра здравствена состојба.
Седумнаесет патници се префрлени во болницата „Ипократио“, 26 во болницата во Кукуш и тројца повредени во болницата во Игуменица, додека уште 32 патници се во Поликастро и чекаат да се вратат во Србија.
За несреќата е известена и српската амбасада, која се очекува да испрати возила за да ги превезат патниците назад во нивната земја, објави ЕРТ.
Радио телевизија Србија информира дека сопственикот на туристичката агенција од Ниш, за која возел автобусот, Бојан Милосављевиќ изјавил дека веднаш испратил два автобуса за да можат патниците да бидат превземени.