Веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски ја споделија негови пријатели и познаници на социјалните мрежи. Од Управата за извршување санкции за „Фокус“ потврдија дека Ѓорѓиевски починал во болница.

Од таму објаснија дека тој подолго време боледувал од повеќе болести и бил во тешка здравствена состојба, приклучен на апарати за одржување на животот.

По објавата на веста, негови блиски со емотивни зборови се простија од него.

„Почивај во мир, Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата,“ напиша Горан Ангелов во потресна објава на Фејсбук.