Керол Болдвин, мајката на актерот Алек Болдвин почина на 92 годишна возраст.
Во објава на Инстаграм Болдвин информираше за смртта на својата мајка. Емотивно, тој детално го опишал нејзиниот живот – од раѓањето до запознавањето на сопругот и борбата со ракот на дојка.
-Се приклучи кон групата за поддршка на карцином на дојка. Со поддршка на тогашната претседателка на универзитетот Ширли Струм Кени, Фондот за истражување на ракот на дојката Керол М Болдвин е отворен во кампусот Стони Брук, пишува актерот.
Болдвин истакнува дека неговата мајка имала шест деца, 25 внуци и 14 правнуци.
-Последните 25 години од животот ги помина како борец и шампион за работата на која и го посвети животот. Сите сме горди на нејзините достигнувања, пишува тој.
View this post on Instagram