Денес во Скопје по долго боледување, на 67-годишна возраст почина Петре Латиновски поранешниот градоначалник на скопската општина Бутел.

Латиновски е роден во скопското село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј на отсекот за географија.

Toj oд 1978 година до 1999 година работел како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 до 2003 г. бил директор на истоименото училиште. Во 2005 година станал градоначалник на Општина Бутел, каде ја извршувал оваа функција до 2017 година.