Ахмети, чија матична куќа беше Албанскиот театар во Скопје каде играше во голем број претстави, стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во ТВ-серијата „Величествениот“, една од најпопуларните турски серии во светски рамки.
Актерот играше и во турската серија „Збогум Румелија“ која како македонска копродукција се снимаше во Битола, како и во „Долина на волците“.