На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.