Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје почна одбележувањето на денот пред раѓањето на Исус Христос – Бадник.

Покрај бадниковата химна во изведба на Силви Бенд, беше подигнато и бадниковото знаме, а се осветуваат и бадникови гранчиња.

На одбележувањето ќе бидат пречекани бадникарските кумови за 2023 година Мојсо Мојсовски и Марко Илковски јуниор со бадникова погача и здравичарот Иванчо Стефков.

Ќе се одржи и пречек на ланските кумови Драган Спасов Дац и Александар Митевски со сопругите и Бадникарскиот ќуп.

Потоа во Соборниот храм тие ќе имаат куса средба со архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе ја благослови погачата.

На бината, свое обраќање ќе имаат сите учесници од манифестацијата и ќе се изврши примопредавањето на Бадникарскиот ќуп, по што новите кумови ќе бидат испратени до пајтонот.

На настанот е најавено присуство и на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, и на Општина Центар, Горан Герасимовски.