Следната недела ќе се распише јавен повик за физибилити студија
Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој според него со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка.
Тој посочи дека следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија и предпроектно решение, со што практично започнуваат формалните активности за реализација.
„Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити студија на предпроектно решение практично со што отпочнуваме со реализација (на овој проект, тоа се од прилика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот на овој проект, којшто ќе биде многу значен, којшто е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира“, изјави Мицкоски.
Проектот во следна фаза со студии и тендер
По изработката на документите, проектот треба да продолжи со обезбедување средства и тендерска постапка, при што ќе се вклучат и меѓународни финансиски институции.
Според најавите, експресниот пат треба да биде еден од клучните инфраструктурни проекти во источниот дел на државата.
