Базата со податоци од Пописот е пробиена и личните податоци веќе се на продажба на Dark web (Црниот интернет)!?- Оваа информација деновиве проструи на интернет мрежите, дека податоците се злоупотребуваат и веќе се тргува со нив.
Според информациите од социјалните мрежи, на Црниот интернет се наоѓаа повеќе од 20 000 лични податоци на населението во Македонија а тргувањето се врши во криптовалути.
Најчести интерент злоупотреби на личните податоци на Црниот интернет се во маркетинг цели и банкарски злоупотреби, но податоците може да се искористат и за многу “посериозни“ дејствија, се коментарите на социјалните мрежи.
Според директорот на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски, сето тоа е чиста шпекулација. Податоците од пописот се безбедни и заштитени.

Лидер: Информација која деновиве струи по интерент и по социјалните мрежи во врска со податоците од пописот дека е пробиена базата на податоци и истите се најдени на Црниот интернет (Dark web) каде постои опасност истите да се злоупотребат?

-Нема врска, се се тоа шпекулации. Ништо не е пробиено!

Лидер: Вие гарантирате дека овие податоци се безбедни?

-Ама апслутно, таман работа, тие се заштитени со 5000 заштини облика, нема шанси да се пробијат. Тие се безбедни и такви шпекуации има, ги имало и ќе ги има и понатаму. И кога ќе ги објавиме податоците пак ќе се шпекулира нешто, ви гарантирам!

Лидер: Останува податоците да се објават на 30 март во Филхармонија. Што е со она што го кажавте дека вие ќе бидете на тапет месец дена по објавување на истите?

-Сите го извадија од контекст. Јас се пошегував бидејќи и новинарот така ме праша. Секогаш кај нас има коментар за се, секогаш по некој има незадоволен. Да ми е пријател Бил Гејтс и да кажам дај инвестирај 10 милиони во Македониај, ќе кажат корупција. Кај нас се се коментира, секогаш незадоволните инсинуираат дека се и сешто се прави. Затоа во тој смисол сум го кажал.
Затоа, апослутно целата постапка си е професионално завршена. Се ќе си биде на највисоко професионално ниво направено. А дали ќе има среќни и несреќни, ич не ме интересира.

Пописот траеше од 5 до 30 септември 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, беа попишани вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови.
Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.