УХМР соопшти дека до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни, над 20 литри на метар квадратен и проследени со грмежи.
Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, со брзина од над 60 километри на час.