Поларна воздушна маса носи екстремен студ
Територијата на Македонија во текот на ноќта ќе биде под влијание на уште постудена поларна воздушна маса од север, која дополнително ќе ги намали температурите на воздухот. Истовремено, облачноста ќе се намалува, но ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
Многу студено утро, температурите паѓаат до минус 20
Утрото на 12 јануари, понеделник, ќе биде исклучително студено, со температури кои ќе се движат од -17 до -5 степени, додека на планинските места се очекува тие да се спуштат и до -20 степени. Во Скопје, утринската температура се прогнозира да падне до околу -10 степени.
Под нулата и преку ден, апел за внимателно возење
Студеното време ќе продолжи и во текот на денот во понеделник, кога температурите ќе останат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 1 степен. Во Скопје дневната температура ќе достигне околу 0 степени. Поради екстремно ниските температури се очекува појава на силни мразеви и голомразица на патиштата, поради што се упатува апел до возачите да бидат максимално внимателни при управување со возилата.
