Убиството предизвика бран на незадоволство во Соединетите држави и ширум светот, а протестите за правата на Афроамериканците го предизвикаа движењето „Black Lives Matter“.

Одбраната на Шовин побара условна казна за нивниот клиент, која ќе вклучува време поминато во притвор.

Поранешниот полицаец, кој беше префрлен во затвор веднаш откако беше прогласен за виновен, се соочува и со федерални тужби за кршење на граѓанските права на починатиот Џорџ Флојд.

Флојд почина по полициска интервенција во мај 2020 година, при којашто обвинетиот Дерек Шовин го притискаше коленото на вратот на жртвата, поради што Флојд се пожали дека не може да дише.

Видеото од настанот предизвика бран протести во бројни американски градови поради наводен расизам и полициска бруталност.