– На 28/29.07.2021 во периодот од 20:00 до 02:00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола констатирани биле 17 прекршоци. Притоа 7 возачи не користеле заштитна кацига, 3 возачи управувале без возачка дозвола, 3 нерегистрирани, 1 под дејство на алкохол и 3 останати прекршоци. Одземени се 3 мопеди согласно чл.344 од ЗБСП. Санкционирани се и 11 останати прекршоци, информираат од МВР.

Воедно, вчера во станица за технички преглед од 18 времено одземени мотоцикли, согласно чл.344 од ЗБСП, кај 10 мотоцикли е констатирана техничка неисправност во поглед на бучавата, а 8 биле со измината важност на регистрацијата.