КФОР соопшти дека почнале со спроведувањето на договорот меѓу Косово и Србија и дека нивните припадници и претходните денови патролирале низ главните патишта кои водат кон граничните премини, а кои беа блокирани.

„Во наредните две недели КФОР ќе биде присутен на тоа подрачје во согласност со споменатиот договор и во согласност со својот мандат, кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбедиме сигурна и безбедна околина и слобода на движење на сите заедници кои ѓивеат на Косово“, сооопшти КФОР.

Премините беа блокирани од локалните Срби откако косовските власти на 20 септември им наредија на сите возачи што влегуваат од Србија на Косово да користат привремени, печатени регистарски таблички во употреба од 60 дена.