На 11.01.2022 во 13.25 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„18 Ноември“ го лишиле од слобода В.Ф.(27) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, пријавена од лице од гостиварска Горна Бањица во 11.00 часот.

По документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.