Како што јави дописникот на МИА од Софија, аналитичарот смета дека во Бугарија има две кризи- здравствено-социјалната и политичката.

Според него, Бугарија е на врвот на третиот бран од Ковид-19 и никој не може со сигурност да каже дали ќе се намали бројот на заразени и кога и дали земјата ќе се врати на построгите анти-епидемиски мерки.

Аналитичарот коментира дека ефектот на пандемијата врз економиите, како бугарската, е во забавувањето на растот на приходите и неизвесноста дали приходите на владата ќе бидат спроведени според буџетот.

– Новата бугарска Влада, каква и да е, нема да има што друго да направи освен да се справи со пандемијата, т.е. кои мерки и стимулации да ги спроведе за да им помогне на бизнисите, оцени Безлов.

Тој изрази уверување дека дури и ако вакцинацијата се забрза, тоа нема да го реши проблемот со економските последици за најпогодените сектори во Бугарија.