Имено, трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-улица „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булевар „ВМРО“, десно по булевар „Партизански одреди“, десно по булевар „8 Септември“ и десно по булевар „Илинден“ до Школката во Градски парк.
Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници – соопштија од МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.