Пресудата изречена против познатиот американски рапер Виз Калифа во Романија е официјално поништена од страна на надлежниот суд. Со оваа одлука музичарот нема да оди во затвор, туку целиот судски процес ќе биде вратен на повторно судење.
Судските органи утврдиле процедурални пропусти во претходно донесената одлука, поради што целиот предмет добива нов правен тек пред романското правосудство.
