На 08.02.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, општина Студеничани, биле опожарени патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И.(47) од с.Батинци и товарно возило „форд ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект.
Нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
