Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Н.Е Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.