Поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска, со почеток во 10 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.
Како што информира МВР, рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје информира дека денеска на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
– Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието.
Поради најавен ракометен натпревар, вечер со почеток во 18 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на булевар „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.