Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека утре очекува зголемување на цените на горивата. Според неговите проценки, дизелот би можел да поскапи за 2 до 2,5 денари за литар, а бензинот за околу еден денар.

Мицкоски рече дека земјава повторно ги има најевтините горива во регионот. Тој додаде дека очекуваното поскапување доаѓа поради зголемувањето на цените на меѓународните пазари.

„Според нашите пресметки, имаме зголемување на цените на нафтата минатата недела на светските берзи, од 5%-6%, и мало зголемување на цените на бензините од 2-3%. Очекувам зголемување од 2-2,5 денари за литар нафта и околу 1 денар за бензин, но да видиме Регулаторната комисија ќе ги покаже најновите бројки“, рече меѓу другото Мицкоски.