Владата од Димитар Ковачевски ги брои саатите додека да дадат оставки сите министри. Ад – хок координација во Собрание пред утрешните оставки на премиерот Димитар Ковачевски и на спикерот Талат Џафери. Тој пак, од зградата на законодавниот дом ќе се пресели на „Илинденска број два“.
Денеска се одвива „последното танго“ меѓу владејачките структури. Граѓаните во најголем број незадоволни од работата која стои зад името на Димитар Ковачевски и неговото водење на владата, а како најголеми забелешки и полиња ги потенцираат: криминалот, корупција, популисвата надворешна политика. За ова, најголема потврда е и анкетата која ја објави и реномираната Europe Elects каде ВМРО-ДПМНЕ е убедлив фаворит за победа на следните избори.
Утврдени се чекорите што треба да доведат до техничката влада
До недела на полноќ треба да биде избрана техничката влада која ќе раководи 100 дена со државата, односно се до парламентарните избори на 8 мај.
Талат Џафери соопшти дека „Утре е Денот Д“ кога тој и целата влада ќе поднесат оставки до Собранието. Околу роковникот тој рече дека во петок ќе бидат констатирани оставките на Владата.
Новиот претседател на Собранието ќе биде избран во петок на 26 јануари во петок. Тој, во случајов Јован Митрески од редовите на СДСМ ќе го извести претседателот на државата Стево Пендаровски околу доделувањето на мандатот.
Џафери, веќе во сабота, ќе го достави конечниот список за техничката влада. Идниот технички премиер обелодени дека на неговата листа ќе се најдат и членови од ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе на 28 јануари ќе биде избрана и целата техничка влада
За целосна да биде техничката влада се очекува и официјализирање на имињата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува пак до оваа партија и нејзините кандидати за министри конечниот одговор ќе се знае веќе вечерва. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски ќе ги одбере имињата кои ќе застанат на чело на неколку министрства.
Кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада ќе бидат познати вечерва
По 20 часот се очекува и официјално да бидат познати имињата на министри за внатрешни работи, труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, зинформатичко општество и администрација и земјоделство. Сите овие ќе бидат дел од техничката влада.
Паднаа во вода лагите на премиерот Ковачевски за гласањето на техничка влада
Претходно, паднаа во вода лагите на премиерот Димитар Ковачевски кој постојано ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека не сакаат да ги гласаат своите министри во техничката влада.
(ВИДЕО) Христов ѝ одржа лекција на Колева: СДСМ е првата партија која не гласала за своите министри