Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по денешниот состанок на кризен штаб во Владата, се огласи на социјалните мрежи со обвинување дека дел од активните пожари во земјата се намерно предизвикани.

– Постојат многу сериозни индиции дека дел од пожарите се подметнати, а мотивите се политички. Одговорните ќе бидат уапсени! – напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

Николоски во објавата додаде и политичка порака:

– Ќе ве поразиме повторно!!! Македонија ќе победи!!

Објавата доаѓа во момент на сериозни пожари во повеќе региони низ државата, за кои властите преземаат координирани активности за нивно гаснење и истражување на причините.