Околу 3.500 луѓе се собраа вчера во Берлин, на еден од бројните европски собири по повод растечкиот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа.
Кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со солзавец, тие возвратија со фрлање шишиња и камења. Притоа се повредени 93 полицајци.