Вработените во Медиумска информативна агенција денеска одново во време на паузата излегоа за да го изразат незадоволството од непостапување по нивните барања.
Тие излегоа на шести предупредувачки протест поради тоа што нивното барање за зголемување на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август 2023 година. Тие покрај зголемувањето на платите, исто така бараат и порамнување на трошоците за живот.
Новинарите и медиумските работници во МИА повторија дека се разгледуваат сите опции за радикализација на протестот доколку не се реализираат нивните барања, но за тоа ќе се разговара на следниот собир на вработените закажан за понеделник во 11 часот.