ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ НАШИТЕ ДИСКРЕТНИ ХЕРОИ!

Замислете само како би било на 40+ степени наместо да седите под клима да се соочите со огнена стихија, притоа натоварени со заштитна опрема да треба да гаснете пожар? Не сакате ниту да помислите како им е на нив, каде патем во некои ситуации животот им виси на конец!

Пишува: Никола Николовски

Жртвата и ризиците со кои се соочуваат пожарникарите се огромни. Да се потсетиме дека кога сите луѓе напуштаат некој објект што гори, токму овие луѓе влегуваат таму. Тие несебично се трудат да нѐ заштитат нас, нашиот имот и природата.

Пожарникарите се наши херои кои се одликуваат со храброст, несебичност, пожртвуваност, бестрашност, хуманост и огромна волја. Свесни се дека за време на акцијата има опасност и го ризикуваат сопствениот живот. Затоа ништо не смее да ги изненади. Буквално, животот им зависи од брзата реакција и искуството.

УПАТУВАМ НЕИЗМЕРНА ПОДДРШКА ДО ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДО СИТЕ ОСТАНАТИ КОИ ПОМАГААТ. Тука спаѓаат: припадници на армијата и полицијата, доброволци граѓани. До нашите македонски и локални пожарникари, но и оние кои дојдоа да помогнат од Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Пожарникарите апелираат дека многу пожари можат да се спречат доколку луѓето се повнимателни. Да ги послушаме, да ги почитуваме затоа што на овие луѓе им припаѓа посебно место во нашето општество. Секоја чест за пожарникарите – оние ДИСКРЕТНИ ХЕРОИ кои при секое одење на терен на смртта ѝ гледаат во очи. Само напред!

Боемот 2.0

P.s. Ги видов и навредливите коментари од Србите за тоа што испратиле помош. Немам коментар освен… Срам да им е на сите кои се ситат на нечија природна непогода!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)