Пожар избувнал по полноќ во затворот „Идризово“, зафаќајќи дел од објектот на затвореното одделение.

Инцидентот бил пријавен во 00:21 часот, кога од казнено-поправната установа информирале дека гори кровот на амбулантата во рамки на затворот.

На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во настанот нема повредени лица.

Надлежните извршиле увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.