Познатата новинарка на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, Кристијан Амампур објави дека и е дијагностициран карцином на јајници.
– Имав успешна операција за отстранување на карциномот, а сега минувам низ неколкумесечна хемотерапија за најдобра можна долгорочна прогноза – рече Аманпур.
Според веб-страницата на нејзината медиумска куќа, таа посочила дека ракот на јајниците е премногу чест и погодува милиони жени ширум светот.
Таа ја истакна важноста на раната дијагноза и ги повика сите жени да се едуцираат за оваа болест, да одат на редовни прегледи и секогаш да го слушаат своето тело.
Јавувајќи се од нејзиниот дом во Лондон, таа рече дека е среќна што има здравствено осигурување, како и одлични лекари кои ја лекуваат во Велика Британија. Така и е откриен ракот, при рутинска контрола, во излечива фаза.
Откако се разведе од американскиот дипломат Џејмс Рубин по 20 години брак со кого го има синот Дариус, Аманпур се пресели во родниот Лондон.