Извршена е детална анализа на фактите, прегледани се сите достапни снимки, а пејачот на групата Манескин доброволно беше подложен на тест и резултатите беа негативни, се вели во соопштението на Европската унија на радиодифузери (ЕБУ).
-Никој не се дрогираше и овој случај е затворен за нас, додаваат од ЕБУ.
Пејачот на Манескин, Дамиано Давид претходно изјави дека не земал кокаин.
-Јас не се дрогирам. Ве молам, луѓе. Не сте сериозни, немаше кокаин, рече тој на прес-конференцијата.