Засега не се објавени детали за причините за хоспитализацијата на актерот.

Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски е хоспитализиран, објавија негови фанови на социјалните мрежи.

Мубедин и Џело го посетиле актерот во болница и објавиле заедничка фотографија, посакувајќи му што побрзо закрепнување и враќање на сцената.

„Ви посакуваме од срце што побрзо закрепнување, добро здравје и повторно да Ве видиме на сцената, каде што припаѓате. Со Вас пораснавме, со Вашите улоги се смеевме, учевме и создадовме незаборавни спомени“, напишаа тие.

Гоце Тодоровски е едно од најпрепознатливите имиња во македонското глумиште. Генерации гледачи го паметат по бројните театарски, филмски и телевизиски улоги, особено по незаборавните ликови во култната серија „Македонски народни приказни“, со кои стана миленик на публиката.

Засега не се објавени детали за причините за хоспитализацијата на актерот.

Извор: Плусинфо