Петрушевски напиша:
-Во населбата Перо Чичо каде живее најнеуспешниот министер Оливер Спасовски, потенциравме дека МВР издаде 215 пасоши и лични документи на белосветски криминалци, нарко босови од Србија, Црна Гора, Италија, Турција, Албанија, целото подземје го собраа и му дадоа македонски пасоши за да хараат низ светот. И наместо да има одговорност за врвот на власта, се се заврши со затворски пресуди за неколку шалтерски службеници, а крупните риби останаа недопрени. Време е да се прекинат поделбите генерирани од штетните политики на Заев и СДСМ
Пратеникот Ефтимов од Дражево село порача дека никој од власта не дошол да ги слушне нивните проблеми, додавајќи дека додека СДСМ ги потценува граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги почитува.
-Беласица, место каде природата дарува чистина и пријатни луѓе. Дражево село каде не дошол да ги види никој од власта а имаат реални секојдневни проблеми и со земјоделие, здравство, труд и социјала политика. Додека власта ги потценува граѓаните ние ќе ги почитуваме. Македонија за сите луѓе, истакна Ефтимов.
Христова напиша:
-Во Македонска Каменица , во последните четири години како времето да застанало. Со прст се нема мрднато. Народот се буди и согледува дека оваа власт час поскоро мора да си замине
На средбата беше нагласено дека незадоволството на граѓаните од неспособната влада на СДСМ и Зоран Заев ќе резултира со пораз на претстојните локални избори, а со тоа ќе се создаде Македонија за сите луѓе.