Според Министерството, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. На 14 април беа вакцинирани собраниските служби.
-Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Министерството.
Во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.
Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на „vakcinacija.mk“.