Денеска православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица. По повод големиот празник, кај народот познат како Голема Богородица, со почеток во 8 часот и 30 минути ќе се одржи Света Божествена Литургија во манастирот Св. Богородица на Матка со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Традиционално на денот на празникот во дворот на манастирот се одржува и крводарителска акција.