Шуто Оризари, место каде се случи трагичен настан. Маж ја уби својата партнерка. Убиството се случило пред очите на нивната петгодишна ќерка.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Убиство. Согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело, согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик.
Брутално убиство во Скопје – Уапсен 38-годишен маж при обид за бегство преку Табановце
Според информациите, осомничениот ја нападнал партнерката со нож во Шуто Оризари. Нанесувајќи ѝ смртоносни повреди во пределот на вратот и градниот кош. По извршеното дело, тој избегал од местото на настанот, при што му помогнал вториот осомничен, обезбедувајќи му облека и превоз до граничниот премин Табановце. Осомничениот бил уапсен во близина на границата.
Во текот на истрагата, по наредба на јавен обвинител, биле преземени дејствија за пронаоѓање на оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител достави предлози за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Извор: Курир