Како што информираат од МВР, вкупно 256 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.