Денеска (27.08.2021), Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Гевгелија, го лишија од слобода И.Г.(46) од Богданци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети во кои имало листови канабис и неколку саксии со стебла од канабис.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.