Македонија е во очај со оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Фискалната одржливост е одамна изгубена, фискалниот простор е исцрпен, јавниот долг е енормно зголем и повторно значајно ќе се зголемува наредната година, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дефицитот четврта година по ред пробива плафони. Наредната година го планираат на 700 мил.евра, оваа година ќе биде околу 700 мил.евра, во 2021 година дефицитот беше 630 мил.евра, во 2020 година беше 876 мил.евра. За четири години нов долг од 2,9 милијарди евра, без ниту еден километар автопат, без ниту една градика и спортска сала, со губење на конкуретската позиција на македонската економија и со најлоши регионални остварувања во економијата. Од економски лидери, со оваа влада се претворивме во економски лузери. Државната каса ни е пред банкрот и нема лесно да преживееме. Допрва доаѓа сметката од постоењето на оваа влада! Предлог-буџетот за 2023 година само ги потврди нашите предупредувања дека Македонија е влезена во период на стагфлација. По нискиот раст оваа година, Владата планира низок раст и наредната година oд 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%. Во Предлог-буџетот за 2023 година нема ништо за тоа која краткорочна и среднорочна стратегија ја имаат за зголемување на капацитетот на домашното производство на електрична енергија. Власта повторно убедува дека златното правило се применува, односно дека новиот долг наредната година е заради финансирање на инвестициите т.е на капиталните проекти. Но, како и оваа и во претходните години, така и наредната година капитални проекти нема. Оваа Влада нема ни камче поместено од кога е на власт. И оваа и во претходните години, парите за капитални проекти секогаш се кратат, а посленото кратење беше пред една недела со неодамнешната прераспределба на буџетот за оваа година, велат од партијата.

Од таму додаваат дека високата проекција на приходите во Предлог-буџетот за 2023 укажува дека владата планира да ги примени сите предлози од таканаречената даночна реформа, и да започне со прогресивното одданочување на данокот на личен доход од јануари 2023 година.

-Најстрашно е што расходите за наредната година есплодираат. Истите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или 5.281 мил. евра или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година. Од историски највисокото ниво од оваа година, во нов историски врв наредната година. Па каде е лимитот? Нема никаква консолидација. Власта со Предлог – буџетот само покажува дека немилосрдно ќе ги троши парите на граѓаните, кој е последен буџет кој ќе можат да го трошат како власт, но забораваат дека одговорност ќе има, велат од партијата.