Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Ајзенкот, денеска започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили во Тел Авив. На средбата најпрво ќе бидат презентирани безбедносни информации, по што двајцата политички лидери ќе разговараат за можноста за формирање влада на национално единство, соопштија од партијата Јашар.

Паралелно со оваа средба, од партијата посочија дека во исто време се одржува и состанок меѓу претставници на Јашар и партијата Б’Јахад, која е предводена од Бенет.

Бенет, кој претставува единствен партиски лидер во блокот на Ајзенкот што отворено се залагаше за формирање влада на национално единство со Ликуд, не се очекува лично да присуствува на директниот состанок меѓу Јашар и Ликуд.

Оваа средба следи по соопштението на Нетанјаху во кое изрази подготвеност, согласно договорот за ротација, првично да му ја предаде премиерската функција на Ајзенкот, а потоа тој самиот да ја преземе должноста како втор премиер. По ваквиот чекор, Ајзенкот му даде рок од 24 часа на Ликуд за постигнување конечен коалициски договор.

Според информациите објавени во израелските медиуми на хебрејски јазик, Нетанјаху побарал да остане на чело на владата одреден, засега непрецизиран временски период пред почетокот на ротацијата, со цел да раководи со евентуален безбедносен инцидент поврзан со Иран. Сепак, според истите извештаи, Ајзенкот цврсто и категорично го одбил ваквиот поставен услов.