Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку објава на социјалните мрежи се прости од својот член Ратко Даневски, кој прерано го загуби животот.

„Со длабоко жалење и неверување ја примивме веста за прераното заминување на нашиот член Ратко Даневски“, се наведува во соопштението на УМС.

Ратко Даневски беше активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а во еден период ја извршуваше и функцијата претседател на Општинскиот комитет на УМС во Виница. Меѓу своите сопартијци останува запаметен како вреден работник, искрен патриот и коректен и одговорен млад човек.

Од Унијата истакнуваат дека неговото заминување претставува голема загуба, не само за организацијата, туку и за сите кои имаа можност да го познаваат и соработуваат со него.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ упати искрено сочувство до семејството на Даневски, како и до неговите најблиски и пријатели.

„Почивај во мир, Ратко“, се наведува во пораката на Унијата.